Шекеринска го осуди насилството пред Собрание

Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата, рече Шекеринска.

1529

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вечерва, во Отвореното студио на 1ТВ,  го осуди насилството што се случи вечерва пред Собранието.

– Жестоко го осудувам насилството, особено врз новинари. Не можеш да ја сакаш Македонија и да ја браниш со тоа што ќе тепаш граѓани на државата. Не можеш да ја сакаш Македонија и да им се закануваш на Македонците – рече Шекеринска.

Таа го осуди и нападот врз екипата на 1Тв кој се случил за време на протестот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...