Шекеринска ги пречека новите гуми за АРМ ФОТО

1589

Министерката за одбрана, вчера во касарната Ѓорче Петров ги пречека новите гуми наменети за возилата на Армијата на Република Македонија (АРМ), а од овој настан од министерството објавија и галерија.

– Министерката Радмила Шекеринска во посета на касарната во Ѓорче Петров, во моментот кога пристигна најголемата пратка на нови гуми за армиските возила од набавката за годинава. „Работите полека ги доведуваме во ред. До крајот на годинава ќе бидат испорачани и новите чизми за војниците, а постапката за набавка на нови униформи е во тек. АРМ ќе влезе во сојузничките редови подновена!“ – напишаа на социјалните прежи од Министерството за одбрана.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...