Шекеринска во Вашингтон на средба со секретарот за одбрана на САД

Министерката Шекеринска во Вермонт ќе се сретне и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј.

166

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска на 1 мај во Вашингтон, ќе има официјална средба со секретарот за одбрана на САД, Џејмс Матис.

На средбата ќе биде потврдено стратешкото партнерство меѓу Република Македонија и САД. Значењето на средбата, како што наведуваат од Министерството за одбрана, е уште поголемо бидејќи се случува во пресрет на самитот на НАТО во јули во Брисел.

Средбата со Матис е во рамките на посетата на министерката Шекеринска на САД која започнува на 26 април и ќе трае до 2 мај. За време на посетата, Шекеринска ќе се сретне и со заменик-помошникот на секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Лора Купер, а ќе има и средби во американскиот Стејт департмент, Сенатот и Конгресот.

Министерката Шекеринска во Вермонт ќе се сретне и со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал – мајор Стивен Креј. Армијата на Република Македонија има развиена и сеопфатна соработка со Националната гарда на Вермонт, како партнер во реформите и развојот на вооружените сили, информираат од МО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...