Шевченко се согласи да го води Милан

180
ФОТО: EPA / JOSE SENA GOULAO

Селекторот на украинската фудбалска репрезентација, Андриј Шевченко е подготвен да го предводи Милан. Според порталот  „ТУТОмеркатоВЕБ“ 43-годишниот Украинец се согласува да се врати во миланскиот клуб, но не порано од ноември, затоа што тој најпрво сака да избори пласман на Евро 2020.

Шевченко, исто така, сака паралелно со тренерската работа во Милан, да продолжи дa ја врши селекторската функција во Украина..

Како фудбалер, Украинецот настапуваше за Милан од 1999 до 2006 година и во сезоната 2008/09.

Со „росо-нерити“ Шевченко ги освои Серија А, Купот и Суперкупот на Италија, Лигата на шампионите и Суперкупот на УЕФА.

Во 2004 година, тој стана сопственик на „Златната топка“, а во дебитантската сезона стана најдобар стрелец во Серија А.

ФОТО: EPA / JOSE SENA GOULAO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...