Швеѓаните Куртагиќ и Ветервик ќе ѝ судат на Македонија на решавачкиот натпревар со Исланд

113
Photo: EPA/Daniel Kopatsch

Шведските судии Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик ќе ја делат правдата на денешниот натпревар меѓу Македонија и Исланд кој ќе го одлучи третиот патник од Б-групата меѓу 12-те најдобри на ракометниот Мундијал.

Натпреварот Македонија – Исланд се игра вечерва во Минхен, со почеток во 18 часот.

На македонските ракометари им е потребна победа, додека на Исланд ќе му биде доволен и нерешен резултат за пласман во следната фаза.

Двојката Куртагиќ – Ветервик досега судеа средби од А-групата: Бразил – Франција 22:24, Русија – Германија 22:22 и Србија – Кореја 31:29.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...