Шверцер фрлил кеса со марихуана и преминал во Албанија бегајќи од граничната полиција

136

Кај гробиштата во село Спас, дебарско, полицајци од станицата за Граничен премин и надзор „Блато“ забележале лице како се движи по граничната линија со најлонска кеса во рацете, соопшти МВР.

– Полициските службеници издале наредба да застане, но лицето почнало да бега и ја фрлило кесата. Биле испукани и неколку предупредувачки истрели во воздух, но лицето преминало на територија на Република Албанија. Подоцна, во кесата биле пронајдени две пакувања со марихуана со тежина од околу два килограми. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...