Шверцерите „културно“ го демолираа МНТ за 4.000 евра

457

Штетата направена од „Шверцерите“ при прославата во МНТ е речиси 4.000 евра, рече премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања на прашање на пратеничката од ВМРО- ДПМНЕ Магдалена Манаскова. Заев најави и дека ќе има  одговорнос и за тие што ја направиле штетата но и за институциите.

– Владата дискутираше за настанот и утвривме дека владата го зела просторот за Денот на албанската азбука. За првиот настан бев присутен и јас, беше културно одбележан, за второт дел задолживме работна група. Директорката на МНТ е дел од работната група за да се слушне и нејзината страна, но и да се види евентуалната нејзина слабост во постапувањето. Записникот е доставен до мене, но не го виов, го видов прилогот, но прво да го разгледаме во владата. Но евидентно е дека има и материјални штети. Направена е поголема штета од материјалната а тоа е духовната штета. Од неа треба да произлезе одговорност. Кога станува збор за материјалната штета уништени се столици, откорнат тапацир, параперт на прва галерија, орнаменти, бордури, подни светилки,  дупки од отпушоци на теписонот или вкупно направена е штета од  3.960 евра. Штетата мора да се надомести и бегање од таа работа нема – рече Заев.

Пратеничката Манаскова побара да и биде доставен договорот кој е потпишан од директорката и од тие кои го побарале објектот за настанот. За неа е спорно дека и директорката на МНТ е дел од работната група и праша дали со работната група се одолговлекува разрешницата на скандалот и дека некој веќе требаше да понесе одговорност.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...