Во институција што е врв на културата во Македонија гледаме врвна некултура и дивјаштво. Колку треба да немате чувство кон институцијата која ја водите да ја издадете на навивачка група, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за прославата на 30-годишниот јубилеј на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ во зградата на Македонскиот народен театар.
Николовски бара оставка од директорот на МНТ и министерот за култура.
Оперскиот пеач Игор Дурловски на социјалните мрежи искоментира:
– Северџанистане земјо свртена наопачки.
Еве како изгледаше прославата.
Наспроти ракциите и критиките за однесувањето на „Шверцерите“ во МНТ, пратеникот на ДУИ, Артан Груби на Фејсбук ѝ го честита јубилејот на навивачката група.
https://www.youtube.com/watch?v=rspIe1bsoXo&feature=emb_logo