Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија, Матс Стафансон, се јави со честитки за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент.
„Грчкиот парламент штотуку го ратификуваше Преспанскиот договор кој му става крај на прашањето за името меѓу Грција и Македонија. Честитки за Зоран Заев, Никола Димитров и Алексис Ципрас кои имаа храброст да ги направат потребните компромиси и покрај многуте емоции“, напиша Стафансон на Твитер.
The Greek parliament just voted in favour of ratifying the #Prespa Agreement which puts an end to the “name question” between 🇬🇷 and 🇲🇰. Congratulations to @zoran_zaev @Dimitrov_Nikola and @tsipras_eu who had the courage to do the necessary compromises, in spite of many emotions
— Mats Staffansson (@matsstaf) January 25, 2019