Шведска ракометарка ја прекинува кариерата за да си го смени полот

238

Долгогодишната шведска ракометарка, левото крило на француски Брест, Луиза Санд реши да ја прекине спортската кариера за да си го смени полот.

– Има причина зошто се одлучив на овој потег. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука. Време е навистина да почнам да го живеам мојот живот. Во последно време се чувствувам многу лошо и ги знам причините за тоа. Родена сум во погрешно тело. Никогаш не сум се чувствувала како јавна личност, но сега ми е јасно дека ова нема да мине без да привлече внимание. Решив да свртам нов лист и ќе го преживеам сето тоа – изјави Санд.

Пред да замине во Франција, таа играше за шведскиот клуб ИК Савехоф.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...