Репрезентативците на Шведска ги победија своите колеги од Азербејџан со чисти 3:0 (25:13, 25:19, 25:16) и со тоа ги продолжи надежите на македонските одбојкари дека ќе се пласираат на Европското првенство.
Швеѓаните немаа проблеми на домашен терен, но сега екипата на Летонија треба да го совлада Израел, во меч кој почнува од 18,30 часот, за да може „жолто-црвените“ сами да решаваат за својата судбина. Македонските одбојкари вечерва во 20.15 часот во СРЦ „Кале“ го играат последниот натпревар од квалификациите против Унгарија.
Доколку Летонците извојуваат победа, пресметките велат дека имаме шанса за пласман на континенталниот собир како една од петте најдобро второпласирани селекции во групите, но доколку оствариме победа со чисти 3-0 вечерва.