Швајцарски војник казнет оти се борел против ИД

264

Швајцарскиот воен суд го прогласи за виновен наредникот Јохан Косар за „нарушување на швајцарската неутралност“.

Косар е прогласен за виновен и за нарушување на одбраната на Швајцарија бидејќи се придружил на странска паравоена формација за да се бори против терористичката група Исламска држава.

Косар треба да плати казна од 500 франци поради неговата улога во христијанската паравоена формација Сириски воен совет.

Тој е ослободен од обвинението дека регрутирал членови за Советот.

Портпаролот на судот Марио Камелин изјави дека Косар исто така трена да плати 1.000 франци судски трошоци и дополнителни 4.500 франци доколку направи уште едно казниво дело во следните три години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...