Швајни објави крај на кариерата

185

Германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, на два дена по завршување на сезоната во МЛС лигата, објави дека става крај на играчката кариера.

Познат под прекарите Швајни или Басти, српскиот зет на 35 години одлучи да престане да игра фудбал. Тој кариерата ја почна во 2001 година како играч на Баерн, и во баварскиот гигант остана 13 години. Таму освои осум титули во Германија и една во Лигата на шампионите. Со националниот тим стана светски првак во 2014 година.

Две години играше и во Манчестер јунајтед, пред да се пресели во САД. И неговата сопруга, тенисерката Ана Ивановиќ, доста млада се пензионираше, но одлучија да го стават семејството на прво место.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...