Најбизарните случаи кои влегле во судските записници во Ужице ја згрозиле јавноста, пренесува „Курир.рс“.
Попрво би го правел тоа со свиња, отколку со неа
Една жена од Ужице тужела сограѓанин кај кого берела малини. Наводно, за време на бербата, тој и се нафрлувал, а за време на паузите и праќал пораки со комплименти. Тој е прогласен за виновен, а додека таа кажувала детали околу случките за кои тужела, човекот скокнал од клупата.
– Попрво би го правел тоа со свиња, отколку со неа – рекол обвинетиот.
Тужба на навредениот швалер
Еден угледен граѓанин ја фатил сопругата во кревет со друг маж. Тој извадил пиштол и го натерал љубовникот на својата жена да се соблече гол, па го избркал на улица. Навредениот швалер поднел тужба.
– Најтешко ми беше кога го видов во моите пиџами – се бранел обвинетиот за тоа зошто го извадил пиштолот.
Ја тепав, ама тоа е моја жена
На човек од село близу Ужице, не му било јасно зошто му се суди.
– Да, ја тепав, ама ова е недоразбирање, јас ја тепав мојата жена – рекол тој пред судот, очигледно убеден дека да си ја тепа сопругата е сосем нормална работа.
Маќеа тужела посинок поради горење на дрва
Се памтел и случајот кога маќеа тужела две години постар посинок, кој наводно за греење во фурна искористил осум кубици дрва и 100 килограми јаглен.
– Тоа не е можно, но осудете ме ако сум потрошил толку. Сакам да влезам во Гинисовата книга за рекорди – изјавил тој пред судот.