Шахтите на плоштад се заварени, папата може да дојде (ФОТО)

898

Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од екипи на „Водовод и канализација“.

Од јавното претпријатие информираат за МИА дека се работи за пракса која се реализира секоја година од безбедносни причини поради одржувањето на „Скопскиот маратон“ и посетата на ВИП личности.

Во посета на Скопје на 7 мај треба да дојде поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск. Едно од местата на кое ќе престојува папата за време на престојот ќе биде и централниот плоштад во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...