Шахпаска: Македонија стана депонија на лекови, тоа не смее да се повтори

295

Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ на денешната расправа во Собранието изрази поддршка на новиот Предлог закон за јавни набавки, кој се усогасува со европската регулатива, а во кој најважна новина е воведување економски најповолна понуда како единствен критериум за доделување на договорите.

Шахпаска истакна дека цената во договорите за јавните набавки е важна, но не смее да биде пресудна во одлучувањето при потпишувањето на договорените јавни набавки, посебно во здравството.

Според пратеничката Шахпаска, со тоа што со години наназад цената била пресудна при набавките во здравството, Македонија е претворена во депонија на лекови. Оттаму, како што препорача, пратеничката освен за цената, треба да се води сметка и за квалитетот.

Таа во реплика на пратеникот Димитар Цуклев од ВМРО – ДПМНЕ, кој претходно побара зајакнување на контролата во спроведувањето на јавните набавки, потсети какви јавни набавки спроведувала претходната власт.

-Знамеме како вие ги спроведувавте јавните набавки. Со бројни анекси и огромни провизии и тоа го нарекувате транспаретно трошење на јавните пари – забележа Шахпаска.

На говорењето на пратеничката од СДСМ, реплицираше Цуклев од ВМРО – ДПМНЕ кој забележа дека немал намера да води политиканска расправа, туку да посочи дека е неопходно зајакнување на контролата при спроведувањето на јавните набавки.

Според Цуклев, Македонија нема проблем во изготвување на законите според европската регулатива во законодавниот дом, туку има проблем во спроведувањето.

-Друго ми беше поентата. И да биде центата единствен критериум во набавките со техничките спецификации може да се постигне и посакуваниот квалитет, но ако немаме контрола џабе ни е се – рече Цуклев и најави дека ќе поднесе амандман со кој смета дека ќе се подобри текстот на предложениот закон во делот на контролата при спроведувањето на јавните набавки.

Предложениот текст, како што сметаат пратениицте од СДСМ, е усогласен со законодавството на Европската Унија и обезбедува рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција и транспарентност при јавните набавки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...