Шахистите на Алкалоид со максимална победа во петтото коло на Европскиот Клупски Куп 2019

92

Алкалоид со максимален резултат 6:0 ја совлада екипата од Швајцарија „Zurich Schachgesellschаft“ на Европскиот Клупски Куп 2019 којшто се одржува во Улцињ. Во овој меч шахистите на Алкалоид покажаа најсигурна игра досега и на ниедна табла не им дозволија на противниците да одземат некој поен.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овојпат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6:0.

По петото коло, во водство е екипата “Obiettivo RisarcimentoПадова, Италија со максимални 10 меч бодови. Ја следат “Medny Vsadnik” Петербург Русија и “Sk Joly Lysa nad Labem” од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба на четвртото до 10 место со 8 бода.

Во шестото коло, ШК Алкалоид за противник го има првакот на Чешка “Sk Joly Lysa nad Labem”, а “Obiettivo Risarcimento” игра против “Medny Vsadnik”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...