Холивудската актерка Шарлиз Терон поминува низ тежок период.
– Животот во моментот ми е во хаос. Само што поминав низ три операции, промовирам два филма. Немам дадилка, но знам дека не би можела да го правам ова што го правам доколку ја немам сета помош и поддршка – рекла актерката.
Иако не открила за какви операции станува збор, претходно овој месец откри дека се повредила додека го снимала филмот „The Old Guard”.
– Снимав акциони сцени и буквално го откинав лигаментот од коската, а го исчашив и лактот – рекла актерката.
Иако нема дадилка во моментот, неколкупати објаснила дека, наместо тоа, се потпира на семејството кое многу ѝ значи и секогаш ѝ помага кога тоа е потребно.
Шарлиз рекла дека веќе долго време е сама, откако раскинала со свршеникот, актерот Шон Пен.
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT