Шарапова: Нема ништо подобро од вечерен меч на УС Опен

118
ФОТО: EPA / NIC BOTHMA

Руската тенисерка Марија Шарапова зборуваше за карактеристиките на УС Опен, каде се во тек квалификациите за главниот турнир.

– Без разлика каде се наоѓате во светот, кога ќе стигнете во Њујорк, има нешто многу возбудливо. Чувствувате како спортската публика да е зад вас, чувствувате енергија. Спортистите секогаш велат дека нема ништо подобро од вечерен меч на УС Опен, и јас целосно се согласувам со тоа, истакна Шарапова.

Грен слемот во Њујорк ќе трае до 8 септември, а денес ќе бидат извлечени двојките за првото коло.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...