Поранешните бр.1 во светот, Марија Шарапова и Венус Вилијамс добија специјални покани да учествуваат во главната шема на ВТА турнирот во Синсинати.
Лидер во шемата ќе биде Ешли Барти, по што следат Наоми Осака и Каролина Плишкова. Актуелен шампион е Холанѓанката Кики Бертенс.
Турнирот ќе се одржи помеѓу 10 и 18 август.
– Марија и Винас се две од најголемите шампионки во историјата на играта. Со нетрпение очекуваме да ги видиме меѓу учесниците следниот викенд – изјави директорот на турнирот во Охајо, Андре Силва.
Шарапова, пак, порази четворица од најдобрите 15 тенисери на патот кон својата титула во турнирот во 2011 година.
Во исто време, 39-годишната Венус ќе учествува на овој турнир по седми пат. Нејзиниот најдобар настап беше во 2012 година кога загуби од идниот шампион Ли На.