Екипата на Шкендија која од поодамна ја обезбеди шампионската титула на денешниот дуел со Пелистер од последното коло во Првата македонска фудбалска лига постигна четири погодоци и со вкупно 101 гол ја заврши сезоната 2017/18.
На крајот Шкендија со 91 бод, односно 35 повеќе од Вардар ја освои титулата и си обезбеди учество во квалификациите од Лига Европа.
Пелистер кој попладнево загуби во Тетово со 4:1, во новата сезона ќе игра во Втората лига.