Шампионот Голден Стејт поразен од најслабиот тим на Западот, Феникс

49

Актуелниот шампион на НБА, Голден Стејт, претрпе изненадувачки пораз од Феникс Санс со 111:115 дома во Оукленд. „Воините“ ја освоија првата четвртина со предност од 13 поени, но „сонцата“ го добија следниот дел со 40:28.

Пет минути и 18 секунди пред крајот на регуларното време, Феникс губеше со 97:98, но успеаја да стигнат до победата.

Девин Букер, 37 поени и 11 асистенции, најмногу придонесе за триумфот. За Голден Стејт, Клеј Томпсон истакна 28 поени, Кевин Дурант додаде 25.

Шампионот го запиша четвртиот пораз во последните шест натпревари, но остануваат на чело на Западната конференција, каде на дното се токму Феникс Санс.

Ѕвездата на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден заврши со 20 поени во натпреварот со Далас Маверикс, во кој „ракетите“ остварија победа со 94:93. Ерик Гордон, се истакна со 26 поени.

На овој начин, Харден ја прекина серијата од 43 мечеви во кои тој секогаш беше најефикасен за неговиот тим. Оваа серија ќе остане како втора во историјата на лигата. Пред тоа само на Мајкл Џордан со Чикаго Булс бил најпрецизен за „биковите“ во 66 последователни средби во 1988 година.

Други резултати:

Атланта Хокс – Њу Орлеанс Пеликанс 128:116
Мемфис Гризлис – Орландо Меџик 105:97
Минесота Тимбервулвс – Њујорк Никс 103:92
Сан Антонио Спарс – Милвоки Бакс 121:114.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...