Рочиштето за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 8 март поради отсуство на Миле Јанакиески, кој е еден од обвинетите.
Поранешниот министер за транспорт и врски не можел да дојде бидејќи бил на рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“ каде исто така е обвинет.
Во „Титаник“, покрај Јанакиески, обвинети се и поранешен премиер Никола Груевски кој избега во Унгарија и на кого му се суди во отсуство, како и Кирил Божиновски, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.
Тие се осомничени за злосторничко здтужување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.