Шалтерот за објави преселен во Инфоцентарот на ЈП Службен весник во Порта Буњаковец

57

Шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ“ од утре ќе биде преселен од зградата на Младинскиот културен центар во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, во Порта Буњаковец.

– Од утре, 30 јануари 2020 година, оваа услуга, објава во огласниот дел на службеното гласило, „Службен весник на РСМ“, граѓаните и правните лица ќе можат да ја реализираат само на шалтерот кој ќе биде сместен во просториите на Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Порта Буњаковец, на бул. Партизански одреди број 23, информираат од ЈП Службен весник на РСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...