Шакири ќе се повлече од советничкото место, му пречеле реакциите

763

Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет, јави Телма.

-Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и нему му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата, истакна премиерот Зоран Заев.

Владата во понеделникот и официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36.000 денари.

Шакири е поранешен пратеник, поранешен припадник на ОНА кој потекнува од Танушевци, а изминатите неколку дена се реемитуваа повеќе негови интервјуа поврзани со критики за работата на ДУИ, но и со недолични коментари за загинатите полицајци во Диво Насеље.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...