Шакира и Пике се сметаат за хармоничен пар, а овојпат ја покажаа својата љубов во јавност.
Колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот партнер, фудбалерот Жерар Пике, беа фотографирани на Дејвис купот во Мадрид, разменувајќи нежности пред присутните.
Кога пејачката забележала дека фотографите го насочиле вниманието кон нив, таа со рацете им покажала срце.
Шакира настапи и во финалето на тенискиот турнир, каде со сцената отпеа неколку песни. Пике ја поддржуваше од публиката и со насмевка на лицето ги пееше нејзините песни.
Љубовта помеѓу пејачката и фудбалерот започна во 2010 година кога се запознале во Мадрид на снимањето на спотот за навивачката химна „Waka, Waka“ за Светското првенство во фудбал
Шакира и Пике имаат двајца синови.