Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Чучер Сандево, Сарај, Бутел, Зелениково и Студеничани.
Како што соопшти РЦУК Скопје, утре без струја од 9 до 14 часот ќе бидат дел од село Бразда, Општина Чучер Сандево, од 12 до 14дел од село Матка – објектите до хидроелектраната, Општина Сарај, од 9 до 11 часот дел од село Горно Оризари, Општина Бутел и од 9 до 15 часот села и населени места во Општина Зелениково, викенд населба Јане Сандански и село Моране во општините Зелениково и Студеничани.