Чулев: Јужната граница ќе се затвори да се спречи нов мигрантски бран

Според министерот, иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел засега состојбата е стабилна.

259

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека за да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница и оцени дека има подготвеноста за таква постапка.

– Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската унија. Македонија дефинитивно ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени. Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ – истакна Чулев.

Според него, иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел засега состојбата е стабилна.

– Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта -истакна Чулев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...