Чулев си ги бара возилата на МВР, Петровска го обвинува за непознавање на прописите

1030

Техничкиот министер Наќе Чулев со телегарама си ги бара да се вратат во дворот на Министерството за внатрешни работи возилата кои неговиот претходник, а сегашен технички премиер, Оливер Спасовски, ги распоредил на други институци. Чулев обвини за несоодветно користење на 35 автомобили и џипови.

Неговата заменичка, Славјанка Петровска, пак, вели дека нема ништо незаконско или ново, туку дека возилата биле неопходни и дека не го разбира однесувањето на Чулев.

-Дел од возилата кои ги бара техничкиот министер се кај премиерот за потребите на обезбедувањето, според процедируте, но и согласно степенот за обезбедување. Не може да повлечете возила од кај премиер или од кај претседател за потребите на советниците во кабинетот. Доколку има непрописно користење на возилата, тогаш треба да се пријави во внатрешна контрола. Ова е скандалозно непознавање на прописите – истакна Петровска за Телма.

Министерот Чулев додаде дека е многу симптоматично тоа што последните денови пред да си замние Спасовски биле распределни возилата по други институции.

– Од 2000 возила во МВР, вработените во мојот кабинет се оставени без возила и не може да функционираат. Возилата што ги бараме, Владата не ги користи за обезбедување на премиерот туку за други намени. Не би си дозволил да барам такви возила – вели Чулев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...