Чулев наредил итно да се испитаат заканите кон новинарките Јордановска и Коровешовска ВИДЕО

622

Полицијата ќе постапува по заканите кон новинарките Мери Јордановска и Искра Коровешовска од страна на вработениот во Централниот регистар, Емил Јакимовски.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за ТВ 24 изјавил дека лично дал инструкции до раководителите на надлежните служби итно да се процесуираат случаите до ОЈО. Министерот Чулев додава дека тој лично ќе се заложи и сите досегашни случаи на закани и напади кон новинари кои не се решени, конечно да се расчистат.

– Јас лично како Наке Чулев но и како актуелен министер за внатрешни работи најостро ги осудувам сите закани кон новинари и медиумски новинари. Јас лично денеска контактирав со новинарката Мери Јордановска при што и беше понудена целосна соработка и поддршка за расчистување на овој случај. Исто така во  текот на утрешниот ден издадена е инструкција до раководителот на единицата за насилен криминал при што Мери Јордановска но и новинарката кон која што исто така имало закани – Искра Коровешовска од ТВ АЛФА да  донесат материјални докази со цел процесуирање на случајот до ОЈО. Ги охрабрувам сите претставници на медиумите доколку се мета на напади и закани да пријават во МВР за што сторителите веднаш ќе бидат санкционирани до ОЈО со цел превенција на вакви случаи. Сите случаи на насилство врз новинари кои беа извршени во изминативе неколку години, а кои се уште лебдат, јас ќе настојувам и максимално ќе се залагам да се решат за што ќе во текот на наредните денови ќе побарам и соодветна инфомрација од МВР по што ќе бидат информирани и здруженијата на новинари – вели Чулев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...