Чудото од дете го напушти факултетот кога сфати дека нема да дипломира пред 10. роденден ФОТО

Родителите на Лорен Симонс се надевале дека нивниот деветгодишен син ќе може да дипломира пред 26 декември, кога му е роденденот и ќе стане првиот на светот што дипломирал на возраст под 10 години.

1233

Белгиското чудо од дете што се надеваше дека ќе дипломира на холандски универзитет пред неговиот десетти роденден го напуштил факултетот, пренесува Би-би-си.

Родителите на Лорен Симонс се надевале дека нивниот деветгодишен син ќе може да дипломира пред 26 декември, кога му е роденденот и ќе стане првиот на светот што дипломирал на возраст под 10 години.

Бидејќи Универзитетот во Ајндховен соопшти дека малиот генијалец имал премногу испити за да дипломира до неговиот роденден, родителите на Лорен решиле да го извадат нивниот син од факултетот.

Понудата да дипломира нивниот син на факултетот за електротехника до средината на следната година, беше ладнокрвно одбиена. Студиите, што обично траат три години, Лорен требало да ги заврши за само десет месеци, според мислењето на нивните родителите.

Таткото Александар Симонс вели дека бил критикуван на универзитетот за изложување на неговиот син на толку многу медиумско внимание.

– Ни рекоа дека извршивме преголем притисок од медиумите за нашето дете и дека Лорен ќе мора да помине психијатриски прегледи ако продолжиме. Ако детето добро игра фудбал, сите сметаме дека вниманието на медиумите е одлична работа. Мојот син има различен талент. Зошто да не биде горд на тоа? – изјавил Александар Симонс.

Универзитетот потврди дека станува збор за дете со уникатен талент, но и дека не сакаат да извршат несоодветен притисок врз него.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...