Чуди се Ангелејце колку деца имаш

На крајот, водителот ќе праша кај се парите, а Ангелејца ќе се чуди колку деца има, па ќе чекале да им одговорат од Холандската Кунико, те банка, те интернешнел, те Кунико ресурси...

1474

Добро е што јасните и клинички точните „народни“ знаења за ФЕНИ, дека се работи за класичен лоповлук на интернационални и домашни хохштаплери, се ставени во машина за усложнување, за да станат појасни. Институциите и медиумите за тоа служат, не? Барем додека ја исколваме и последната трошка од лешот. Прашање е само кому ќе му падне парето да излегува во медиумите да глуми Ангелејца, која не знае колку деца има: „Истрагата е во тек“, „ние постапивме“, „ние поднесовме“, „ние чекаме“… Многу личен јадник одбраа овој пат. Да го нашминкаа – права Ангелејца.

Така, нашите јасни сознанија дека три – четворица меѓународни финансиски криминалци, во активно и директно содејство со државата, го украдоа Фени, не биле точни. Односно… биле точни, ама… Не е тоа важно. Важно е дека сме сите ние „обичните“прости да сфатиме дека е тоа дозволива финансиска операција, во која не е забрането што… и не е забрането да… Оти, види, сложено е. Што да ви кажувам. Ќе одлучи судот. Кога ќе одлучи, ќе му е.е цецето.

Во објаснувањето е јасно кажано: Сите тие е..ле цецето. Тоа „затаиле“ не било она наше простачко „или ги болело стојко“, или и тие добиле дел од колачот или им се давани функции, за заслуга за молк и непостапување, туку, тоа е „неконзистентност на институционалната соработка и функционалната поврзаност на институциите“. Сфативте. Главно, виновниците се „институциите“, законите, ненавремената реакција… Во кривичниот законик постојат многу постапки, кои се водат против личност, со име, презиме, матичен број.. но нема ниту една предвидено против „неконзистентност“, против „одлив на ефектива“, против „доверителскиот процес“… Ебати законите.

За да се излечиме од простаклукот, било важно дали че има „план за реструктуирање“ или „ликвидација“, оти имало стечајна постапка и работата ја водел судот (Бог да го прости ФЕНИ).

Значи, финансиската полиција, по допрен глас од медиумите, дознала дека „ту нешто смрди“. Прости се тие, кои ќе речат дека новинарите треба да дознаат од институциите, а не обратно. Овој глас ги допрел и доверителите (банките), кои ништо не знаеле, оти „нису одавде“, но, сепак, веќе сѝ наплатиле, златните. Да се работеше за нас граѓаните, ќе ги гледавме муцките на банкарските „доверители“, залепени на домашните прозорци, за секој случај. Но, ова е ФЕНИ, а банкарите се многу блиски со нив, оти се ФЕНОМЕНИ. Заради тоа и им дале огромни „рамковни“ париња на хохштаплери, односно, одговориле на барањата од „некого“, да дадат пари на жими мајка.

Но, тие не се виновни оти Народна Банка ги „проверила“ „инвеститорите“, кога доаѓале да инвестираат, не со пари, туку со стапот во рацете. И таа е..ла цецето од проверување.

Ниту Народна Банка не е виновна, оти и работниците ги болело таквото, кој фирмата ќе ја води. Немаат тие ниту синдикат, ниту правници, ниту се членови на политички партии.

Но и работниците не се виновни, оти УЈП не видело дека ФЕНИ го пљачкаат. Нам црното од под ноктот ни го вадат, но на ФЕНИ не можеа, оти под ноктите имаат фероникел, а УЈП нема лиценца за феро – никел. Што знаат тие што е тоа финансиска инспекција, што се тоа залихи, што се тоа даноци на парите „кои течат“.

Ниту на Комисија за хартии од вредност не и е работа да гледа кој сака да преземе компанија, оти никој не ја допрел (наредба од партија), а ако ја допрат и таа е..ва цецето, кај што не треба. Компаниите може да ги краде само избран лопов, а не некој црвлив бизнисмен со пари. Па, ако може Сашко „да си влезе“ во ФЕНИ со 670 илјадарки, „тоа мора да е чисто“.

На крајот, водителот ќе праша кај се парите, а Ангелејца ќе се чуди колку деца има, па ќе чекале да им одговорат од Холандската Кунико, те банка, те интернешнел, те Кунико ресурси…

Да беа поглупи, како нас простаците, ќе ги притвореа сите шефови на институциите, кои не постапиле, а морале, како директни соучесници, а тие сите ќе кажат едно исто име и презиме, кое и сега е постојано по судовите.

Сега точно знаеме што мислеле странците, кога говорат за отчетност и транспарентност, а ние, за таква сложена работа, постфестум, ја пуштивме Ангелејца, веќе еднаш да сѝ ги изброи децата. Нам нѝ се бројани, но ништо не можеме.
Не се глупави странците кога рекоа „заробена држава“. Заробена ебаму цецето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...