Чуварка во затвор се вљубила во затвореник, па завршила зад решетки: Разменувале експлицитни видеа ФОТО

Двајцата меѓусебно си праќале експлицитни сексуални видеозаписи, а дури и останале во врска по неговото апсење.

586

Работничката во затвор која се вљубила во еден опасен затвореник во најголемиот британски казнен центар, е осудена на една година затвор поради оваа афера.

Ејша Ган (27) е осудена откако биле најдени докази за забранетата врска со Курам Разак (29). Како што е наведено, двајцата разменувале бројни телефонски разговори и сексуално експлицитни фотографии и снимки, пренесува британски „Сан“.

Разак служи 12-годишна казна поради грабеж во затворот Бервин.

Пред судот било кажано дека во нејзината соба се најдени фотографии од парот кој се бакнува, а исто така, таа на Разак му ги прошверцувала и своите гаќички.

Исто така, било утврдено дека таа го дала својот број од сметаката на еден од соработниците на Разак и дека на таа сметка добила уплата од 1.500 финти.

Обвинителот Сајмон Милс рекол дека Ган работела во затворот откако бил отворен во февруари 2017 година. Таа поминала курсеви за превенција на корупција, како и тренинг во кој работниците од затворот учат да бидат свесни за ризикот од обидот затворениците да ги заведат и искористат.

Обвинителот рекол и дека парот не бил осoбeно суптилен по прашањето за своите непристојни акции.

Колегите забележале дека Ган минувала многу време со Разак и често одела на подолг период во неговата ќелија. Поголемата количина на извештајот довела до интерна истрага и истражуван бил неговиот телефон во ќелијата. Обвинителот рекол дека Разак често се јавувал на женско лице, чие име било запишано како Кели Мејсон.

Кога ги преслушале снимките го препознале гласот на Ејша Ган.

Идентификувани се вкупно 1.213 телефонски повици меѓу парот.

Двајцата меѓусебно си праќале експлицитни сексуални видеозаписи, а дури и останале во врска по неговото апсење.

Во едно експлицитно видео, Разак и рекол на затворската работничка: „Одвај чекам следна недела да те фрлам на кревет.“

На судот било кажано и дека Ган на Разак му праќала скриншотови од разговори на WhatsApp во кои нејзините колеги зборувале за тактики на претрес на ќелии. Исто така, таа му купувала облека и на негово име уплаќала ливчиња во обложувалница.

Нејзиниот адвокат Питер Хантер рекол дека таа е свесна дека погрешила и дека се кае.

Според неговите зборови, таа подлегнала на комплиментите на Разак, набрзо откако ја раскинала долгата врска откако момчето ја изневерило.

– Некој ѝ пружил внимание и таа го прифатила, што било глупаво. Таа се кае и е засрамена – рекол тој.

Kuram Razak

FOTO: MERSEYSIDE POLICE / PRIVATNA ARHIVA/Printskrin

Ejšija Gan

FOTO: Printskrin/Fejsbuk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...