Чолиќ ќе го полни „Филип Втори“, картите од утре во продажба

557

Балканската ѕвезда Здравко Чолиќ, со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип Втори Македонски на концертот закажан за 15 јуни годинава, соопштија организаторите од Прагма продукција.

Тие најавуваат дека картите ќе се пуштат во продажба утре (18 март) по цена од 300 денари.

„За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2. Спремете се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Национална арена „Филип Втори Македонски“ на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш“, соопштија од Прагма продукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...