Чолиќ имал компанија за телефонски двојници: Ме бива како бизнис советник

367
Кога тоа било нелегално во остантиот дел од Балканот, Здравко Чолиќ, за неговиот бизнис купувал девизи преку Македонија. Ова легендарниот Чола го открива во новата епизода на „Еден на Еден“, која ќе се емитува во недела.
Чолиќ зборува за своите обиди како бизнисмен и времето кога отворил компанија за телефонски двојници, но и за тоа што би работел доколку не бил пејач.
– Сум размислувал на оваа тема и знам дека доколку не продолжев со пеење би отворил туристичка агенција. Мислам дека туризмот е динамична професија која добро би ми легнала – му призна Чола на Жаре.
Во недела во студиото на „Еден на Еден“, балканската ѕвезда признава дека е Близнак во хороскоп, па затоа најголема мана му е неодлучноста.
– Со мојата сегашна жена се забавувавме 11 години, а не можев да се одлuчам дали да се женам или не – се смее Чолиќ.
Ова и уште многу други интересни теми во недела од 18.30 на Канал 5. Не ја пропуштајте епизодата во која специјално ќе запее неколку песни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...