Чоколада се излеа на улица во Германија

321

Пожарникарите во градот Верл во западна Германија одговориле на необичниот итен случај, откако се преполната цистерна на локалната фирма која произведува течна чоколада, а чоколадната маса се излеала на улица.

– Тон чоколада се излеja во дворот, а потоа и на блиските улици – изјавил портпаролот на градската противпожарна служба.

Пожарникарите морале околу два часа да ја затворат улицата за сообраќај, а чоколадата – растечена по површина од околу 10 квадратни метри, со лопати ја собрале на куп, кој на крајот го собрала компанијата задолжена за хигиената во градот.

– И покрај инцидентот кој на многумина им го скршил срцето, тешко дека Божик ќе го дочекаат без чоколада – заклучиле во пожарникарската служба.

ФОТО: Твитер / Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...