Машиновозачот додека вчера сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје, после Железничката станица Велес, забележал човечки труп и го пријавил во 06.45 часот во велешката полиција.
Полициски службеници од СВР Велес извршиле увид по што било утврдено дека станува збор за машки труп на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз.
Од МВР денеска информираат дека по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.