Човечка грешка е причина за трагедијата во Џенова

Шефот на обвинителството изјави дека е подготвен да го отвори случајот „поради несовесно насилно убиство и катастрофа".

973

Човечка грешка ја предизвикала фатална трагедија во Џенова кога дошло до уривање на надвозник, изјави шефот на канцеларијата на јавното обвинителство во Џенова, Франческо Кози.

Тој нагласи дека по завршувањето на спасувачката операција, ќе се анализираат „сите аспекти поврзани со развојот, инженерингот и одржувањето на надвозникот”.

Според претходните извештаи, надвозникот што се урна близу Џенова, кога 39 лица загинаа, бил привремено затворен пред две години, бидејќи неговата состојба барала „големо одржување”.

Шефот на обвинителството изјави дека е подготвен да го отвори случајот „поради несовесно насилно убиство и катастрофа”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...