Многу гледачи на на „Џокер“ во текот на гледањето на филмот почувствувале длабоко сожалување кон Артур Флек, ментално болен и изолиран кловн кој има напад на неконтролирано смеење.
Жоакин Феникс одигра голема улога и предизвикува длабоки емоции кај милиони гледачи на филмот. За еден човек, сепак, филмот бил како гледање на самиот себе во огледалото.
Неговото име е Скот Лотан и тој го има истото нарушување на смеење како Џокер.
„Мислам дека тој одработи одлична работа фаќајќи ја неможноста да престане да се смеам. Таа сцена во автобусот особено ме погоди, кога доживува длабоко чувство на одбивање. Така и јас често се чувствувам – рекол Лотан за „Ladbible“.
Тој, исто така, опишал и како изгледаат нападите на смеење во јавноста.
– Луѓето само гледаат во вас. Вие се обидувате да им објасните, но тие имаат предрасуди дека сте зависник од дрога или само очаен лудак. Мислам дека актерот одлично го долови чувството на изолација и фрустрација со недостаток на разбирањето од другите – рекол тој.
Лотан додал дека сите сцени на смеење биле неописливо реални, дури и оние кога Флек се гушел од смеење.
Гушењето доаѓа од обидот да го задржите здивот, очајнички ви е потребно да дишете. Исто така, плунката се таложи во устата и додека вдишувате воздух, плунката се симнува по погрешната цевка. Вратот многу боли, отекува и ја движам главата за да се обидам да ја ублажам напнатоста. Понекогаш останувате без воздух – опишал Лотан.
Скот Лотан вели дека непријатните сцени поради неговото смеење се редовни.
– Честопати ме замолуваат да го напуштам ресторанот бидејќи персоналот и гостите се чувствуваат непријатно, а во друштвото секогаш има некој со мала самодоверба кој мисли дека нему му се смеам па сака физички да се пресмета со мене – рекол несреќниот Лотан.
Foto: Facebook