Басистот на „Милиграм“ починал на 33 години, соопшти групата на Инстаграм.
– По кратка и тешка болест, почина нашиот басист Слободан Васиќ. Носеше насмевка секоја секунда од неговиот живот, со неверојатната енергија која ја делеше несебично околу себе, им го разубавуваше животот на сите во негова близина. Почивај во мир брате, во нашите срца ќе свириш додека знаеме за себе. Засекогаш твој „Милиграм“ – пишува на Инстаграм.