Членовите на ДИК денеска дадоа свечени изјави

Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.  

1002

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Претседател на Комисијата е Оливер Дерковски, потпретседател Дитмире Шеху, а членови се Елизабета Постоловска, Борис Кондарко, Јанаке Витановски, Радица Ристеска и Енвер Салиу.

Претседателот на Комисијата Дерковски во изјавата за медиуми рече дека како ДИК почитувајќи ги законите и Уставот на РМ ќе постапат и ќе направат сѐ што е во нивна надлежност за да успее организирањето на референдумот.
– Денес ја дадовме свечената изјава и со тоа го означивме почетокот на работата на ДИК. Очекуваме Собранието исто така да донесе значајни одлуки за работата на ДИК. Доколку се заврши сѐ како што треба, го гледате составот, сѐ се тоа искусни луѓе, од кои повеќето претходно веќе биле и членови на ДИК, така што сметам дека за главната задача ќе ја договориме пред се почитувајќи ги законите и Уставот на РМ – рече Дерковски.

Тој се заложи дека ќе работат јавно и транспарентно.
Во однос на Избирачкиот соисок додаде дека тоа е континуирана активност на ДИК и дека новоизбраните членови на Комисијата ќе дадат дополнителен придонес за да се расчистат дилемите околу списокот.
Се очекува наскоро да биде закажана и конститутивната седница на ДИК.
Фото: МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...