Чичаковски кој замина од ДИК поради бонусите сака да стане управен судија

599

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија Александар Чичаковски конкурирал за судија во Управниот суд, беше соопштено на денешната седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Чичаковски, како што беше посочено на седницата, може да оди понатаму во изборот заедно со другите кандидати кои положиле компјутерски вештини.

Тој заедно со членовите на ДИК поднесоа оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси, покрај високите плати

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...