Делови на САД до крајот на неделава ќе бидат зафатени со могу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите.
Најстудено ќе биде денеска, а Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот, јави Би-Би-Си, додавајќи дека олку ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.
Исклучително ниски температури ќе почувствуваат најмалку 55 милиони луѓе.
Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните додека престојуваат на отворено да не вдишуват длабоко и да не зборуваат многу.
Во северозападиот дел на САД се затворени илјадници училишта.
Американскиот метеоролошки завод објави дека и само 10 минути престој на волку студено време би можело да доведе до сериозни смрзнатици.
По овој повод се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека на „преубавиот Среднен запад“, температурите достигнуваат и до минус 60 степени и оти луѓето не можат да издржат надвор ниту неколку минути.
– Што по ѓаволите, се случи со глобалното затоплување ? Те молам врати се брзо, ни требаш! – напиша Трамп на Твитер.
ФОТО: EPA / SHAWN THEW