Чизбургер од „Мекдоналдс“ стар 10 години се чува во Исланд, во живо се пренесува што се случува со него

Оваа недела се навршуваат 10 година од кога наизглед неуништлив оброк купеен и да - изгледа као да је купен вчера.

725

Кога „Мекдоналдс“, во текот на финансиската криза, ги затвори сите ресторани на Исланд во 2009 година, еден мaж одлучил да го купи последниот чизбургер и помфрит.

Со тоа Исланд стана единствената западна земја без „Мекдоналдс“.

– Слушнав дека храната од „Мекдоналдс“ никогaш не се распаѓа, па самиот сакав да видим дали е тоа точно – рекал Хјортур Смарасон за агенцијата АФП.

Оваа недела се навршуваат 10 години од кога наизглед неуништливиот оброк е купен и да – изгледа као да је купен вчера.

Љубопитливите набљудувачи можат во живо на интернет да ги видат бургерот и помфритот кои во моментот се наоѓаат во стаклена витрина во хостелот на југот на Исланд.

– „Старецот“ и понатаму е тука и се чувствува мошне добро. Всушност, изгледа и понатаму многу добро – рекол сопственикот на хостелот Сиги Сигурдур за Би-би-си.

„Забавно е, секако, но ве тера да помислите што јадете. Нема мувла, само хартијата со која е обвиткан изгледа старо“.

Во хостелот тврдат дека луѓето од сите краишта на светот доаѓаат во посета, а сајтот за пренос го посетуваат и до 400.000 луѓе дневно.

Оние што ги интересира можат во живо да гледаат стриминг од бургерот и помфритот, што се емитува од нивната сегашна локација во хостелот „Снотра хаус“ во јужен Исланд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...