Чешкиот премиер, Андреј Бабиш, понуди моќни пожарникарски пумпи за исцрпување на водата од пештерата во Тајланд во која се заробени 12 деца со нивниот 25-годишен тренер.
„Нашите пумпи се најдобри во светот. Располагаме со четири пумпи со капацитет од 400 литри во секунда. Му ја понудив нашата помош на претставникот од тајландската амбасада“, напиша Бабиш на Твитер.
Чешка може да ги испрати пумпите во рок од 48 часа, но чека официјално да им биде прифатена понудената помош.
Две вакви пумпи за еден час може да исцрпат 3.600 кубни метри вода.