Чешката влада во понеделник ќе предложи Република Северна Македонија да го потпише пристапниот протокол за НАТО, објави чешкиот министер за надворешни работи Томаш Петричек.
Веста тој ја соопшти на Твитер, веднаш откако грчкиот парламент го ратификуваше Преспанскиот договор.
„Одлична вест од Атина! По македонскиот парламент, денеска и грчкиот го ратификуваше историскиот Преспански договор за решавање на споровите и за стратешко партнерство помеѓу двете земји. Ова на Северна Македонија ќе ѝ овозможи членство во НАТО. Чешката Влада во понеделник ќе предложи потпишување на пристапниот протокол“, напиша Петричек.
Photo: EPA/MARTIN DIVISEK