Владата на Чешка предводена од популистичката партија АНО преживеа гласање за недоверба што опозицијата го побара по серијата протести против премиерот Андреј Бабиш.
Резултатот од гласањето беше очекуван откако социјалдемократите, коалициониот партнер АНО и Комунистичката партија што ја поддржуваа владата, не им се приклучија на опозициските партии против Бабиш.
Барањето за гласање недоверба беше поддржано од само 85 пратеници во Долниот дом на Парламентот, во кој има 200 места, по 17-часовната дебата што траеше и ноќеска.
Бабиш, милионер кој стана политичар, се соочува со притисок од јавноста во врска со истрага за наводна злоупотреба на фондовите на ЕУ и конфликт на интереси.