Чех со „шкода“ удрил во паркиран „фолксваген голф“ кај Велешта, повредена сопатничката

195
Фото: МВР

На регионален пат Р1201 во село Велешта патничко моторно возило „шкода“ со чешки национални ознаки управувано од Б.Л.(69) од Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на Ш.Л.(43) од струшкото село Велешта.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило „шкода“ Б.Б. која е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...