Чех може да стане тренер или амбасадор во Челзи

83

Голманот на Арсенал, Петр Чех, кој соопшти дека ја завршува својата кариера на крајот на тековната сезона, може да добие тренерска позицијата или функција амбасадор во Челзи, објави „Тајмс“.

Оваа сезона, 36-годишниот Чешки голман играше во 12 натпревари за Арсенал и прими 12 гола.

Чешкиот чувар на мрежа најголемиот дел од својата две децениска кариера помина во Челзи. Тој за „сините“ од Лондон бранеше од 2004 до 2015 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...