Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на Конгресот на организацијата во Рим истакна дека европските селекции на Светското првенство во 2018 година во Русија покажаа високо ниво благодарение на обновеното единство.
– Пред моето доаѓање на функцијата шеф на УЕФА, европските клубови планираа да се поделат. Се запознавме, разговаравме, се слушавме и сега повторно сме обединети. Додека сум на чело, не може да се зборува за создавањето на Супер лигата. Затоа, вчера потпишавме меморандум со клубовите кој ќе важи до 2024 година, изјави словенечкиот функционер во ФИФА.
Погледнете колку од нашите земји беа меѓу полуфиналистите на Мундијалот. Ние, Европа, мора да претставуваме пример за остатокот од светот, нагласи Чеферин.